28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M не ги плаќала праведно работниците ширум светот

H&M не ги плаќала праведно работниците ширум светот

Компанијата за облека „H&M“ не ја исполнува својата обврска да обезбедува фер надомест на работниците ширум светот, принудувајќи многу од нив да работат дополнителни часови, за да преживеат, соопштија правобранителски организации, цитирани од „Ројтерс“.

Врз основа на интервјуа со 62 лица од шест добавувачи на „H&M“ во Бугарија, Турција, Индија и Камбоџа станува извесно дека ниту еден од работниците не прима плата во близина на т.н. „Животен минимум“, кој му овозможува на работникот да ги покрива основните потреби на семејството.

„H&M“ мора да преземе веднаш мерки за да го спречи скандалот со ниските плати и кршењето на правата на работниците, наведува Бетина Мазиолек од обединувањето на синдикалните и добротворните организации „CCC“.

Компанијата, која има над 4.800 продавници во 69 земји, изјави дека не ги дели ставовите на „СCC“ за платите во нејзините најмалку 600 фабрики со 930.000 кројачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП