27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi подготвува конкурент на Teslа S

Audi подготвува конкурент на Teslа S

Германскиот производител на саемот за автомобили во Лос Анџелес ќе претстави концепт на електрична лимузина, „E-Tron GT“.

Со премиерата на „SUV“ моделот „E-Tron“ на средината на овој месец, „Audi“ влезе во територијата на сериски електричнимодели и застана рамо до рамо со „Teslа“, „Jaguar“ и „Mercedes“ кои пред неа претставија продукциски кросвер/SUV модели на струја.

Германскиот производител има амбициозни планови на полете на електрификација, па во план се дури 12 нов електрични модели до 2025-та година.

Електрификацијата ќе ги опфати сите автомобилски сегменти кои „Audi“ сега ги покрива со моделите со конвенционални мотори. Со цел да покрие широк спектар на автомобили со различни големини, „Audi“ ќе користи четири механички платформи.

По „SUV“ моделот „E-Tron“, кој на пазарот ќе биде конкурент на „Teslа Model X“, германскиот производител планира и ривал за „Model S“.

Концептната верзија на идната луксузна електрична лимузина, под ознаката „E-Tron GT“, ќе биде претставена пред публиката во Лос Анџелес кон крајот на ноември, а е базирана на новата e-платформа, развиена во соработка со „Porsche“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП