19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДизајнерската компанија „Орла Кили“ го затвори бизнисот

Дизајнерската компанија „Орла Кили“ го затвори бизнисот

Дизајнерката на модни парчиња и предмети за домаќинство Орла Кили најави дека ги затвора сите продавници, како и веб-страницата поради голем пад во профитот.

Орла Кили го прекина бизнисот кога нејзината мајка-копанија „Кили Рован“ прогласи банкрот.

Синџирот продавници на дизајнерката беше достапен на неколку локации во Лондон и во Ирска.

Но, и покрај ова, додатоците за домаќинство со потпис на ирската креаторка ќе бидат достапни преку други продавачи и партнери на брендот „Орла Кили“.

„Голема благодарност за сите што го поддржувавте и сакавте нашиот бренд со години“, изјавија од „Орла Кили“, чии дизајни беа познати по своите ретро принтови, по инспирација од седумдесетите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП