17 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen се повлече од Иран

Volkswagen се повлече од Иран

Германскиот производител на автомобили „Volkswagen“ ќе ги затвори речиси сите свои активности во Иран. Ова го објави денеска „Bloomberg“, повикувајќи се на американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел.

Според зборовите на дипломатот, договорот беше постигнат во вторникот, по неколку недели разговори предводени од него.

„„Volkswagen“ соопшти дека ќе се држи до американските санкции против Иран. Задоволни сме од оваа одлука, бидејќи Иран ги отстапува економските ресурси од својот народ со цел ширење на насилство и нестабилност во целиот свет“, вели амбасадорот.

Компанијата сепак ќе може да продолжи да врши одредени активности во Иран од хуманитарни причини, додаде тој.

Белата куќа и „Volkswagen“ веднаш не ја коментираа оваа изјава.

Според „Bloomberg“, „Volkswagen“ се откажа од плановите, објавени во јули 2017-та година, повторно да почне да продава автомобили во Иран по 17-годишно отсуство од локалниот пазар.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави во мај дека ја повлекува САД од договорот за иранската нуклеарна програма, постигнат во 2015-та година и ги враќа санкциите против Техеран. Другите учесници во договорот не ја одобруваат одлуката на Вашингтон и остануваат вклучени во договорот.

Европската унија активира блокирачки механизам кој ги прогласува за неважечки на негова територија санкциите на САД против Иран и забранува на европските компании да ги извршуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП