19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМaск загуби милијарди долари поради еден твит

Мaск загуби милијарди долари поради еден твит

Една непромислена објава на социјалните мрежи Илон Маск може да го чини милијарди долари.

Акциите на главната компанија на Маск, автопроизводителот „Тесла“, веќе паднаа за 7 отсто откако Блумберг објави дека американското Министерство за правда почна истрага за неговиот твит во кој објави дека може да го тргне „Тесла“ од берзата поради финансиските проблеми со кои се соочил.

Но, „Тесла“ загуби речиси една третина од својата вредност – околу 18 милијарди пазарна капитализација од објавувањето на веќе озлогласениот твит.

„Размислувам да го направам ‘Тесла’ приватен за 420 долари од акција. Финансирањето е осигурано”, напиша Маск во твит на почетокот на овој месец.

А сојузните истражувачи поради таа најава сега ја истражуваат можната измама од страна на Маск, според анонимни извори кои му го открија тоа на Блумберг, имајќи предвид дека твитот ја зголеми вредноста на акциите на „Тесла“ за 11%, а тврдењето на Маск дека „средствата се обезбедени” може да го доведе инвеститорот во заблуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП