22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple ќе и плати 14,3 милијарди евра на Ирска

Apple ќе и плати 14,3 милијарди евра на Ирска

„Apple“ се договори со ирската влада да плати 14,3 милијарди долари, запазувајќи ја наредбата на Европската комисија, која пресуди дека американската компанија треба да ја врати оваа сума, бидејќи добивала неразрешени од правилата на ЕУ даночни отстапки во Ирска со години.

Ирското Министерство за финансии вели дека плаќањето е „голем настан“, иако Даблин инсистира на тоа дека „Apple“ не користела посебен даночен третман, објави „ВВС“.

Во 2016-та година ЕК пресуди дека американската компанија плаќала ефективен данок во Ирска во висина под 1%, што се води како недозволена државна помош.

Компанијата „Apple“ ја обжали одлуката.

Даблин, исто така, ја оспорува одлуката на ЕК. Ирскиот министер за финансии, Паскал Донхуј, коментираше дека владата „фундаментално не се согласува со анализата на комисијата“.

Сепак, додава тој, „како посветени членки на ЕУ, секогаш сме изјавувале дека ќе ја вратиме државната помош“.

Европската комисија минатата година покрена тужба против Ирска поради забавувањето на наплатата на даноците. ЕК вели дека откако ќе се изврши исплата, случајот ќе биде повлечен.

Процесот на враќање на средствата започна во мај, откако се платени 13,1 милијарди евра избегнати даноци и камати во износ од 1,2 милијарди евра, што е сума еквивалентна на здравствениот буџет на Ирска за една година.

Парите ќе бидат зачувани во посебна сметка, а жалбата на „Apple“ е во тек.

„Apple“ е една од неколкуте технолошки компании што ги засноваа своите европски операции во Ирска, главно поради ниските даночни стапки.

„Facebook“, „Twitter“ и „Google“ имаат значително присуство во Даблин.

Според ирската финансиска канцеларија, додека случајот биде целосно решен од страна на европските судови, тоа ќе трае уште неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП