18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКое е омиленото место за маалска дружба во Карпош?

Кое е омиленото место за маалска дружба во Карпош?

Благодарение на омилениот пивски бренд Скопско, жителите на Општина Карпош, веќе ги започнаа дружбите на новиот летниковец поставен во нивната општина. Станува збор за донација од Пивара Скопје, која создава ново место за дружење и рекреација, каде граѓаните на оваа општина ќе имаат можност да поминуваат време заедно и да го негуваат маалскиот живот.

А летниковецот во Карпош веднаш ги доби првите “локални тестери”. „Супер е ова. Таман и лето е и ни се кисне со другарите у маало ама клупите што ни беа едните ги скршија, а на малкуте други кои ги има, најчесто седат мајки кои ги чекаат своите деца да се наиграат, па кога ќе се стемни си одат дома. Летниковецон во парк, ни е многу далеку, така да ова е супер”, вели 24-годишниот Марко, кој беше единствениот храбар од неговото друштво за да нешто каже.

Го затекнавме и еден од најстарите жители на оваа населба, чичко Слободан: „Во Карпош сум повеќе од 40 години. Еј, колку беше различно, цело маало беше надвор. Ќе му се расипе колата на Драги, пола маало ја поправа. Не дека ја поправавме, повеќе пивце пиевме и смешки кажувавме, ама па најубави спомени се тоа. Ми фалат старите маалски дружби. Летниковецот ептен ми направи мерак, нека ни е на здравје.

Инаку, станува збор за донација на првиот од  вкупно 15-те летниковци кои ќе бидат поставени во различни општини низ земјава, а која произлезе токму од духот на Скопско пиво, и новата кампања која не потсетува на пријателствата, маалските анегдотите и приказни, и сите други мали нешта кои не зближуваат и радуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП