21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРено отпушта 7.500 работници

Рено отпушта 7.500 работници

reno1

Францускиот производител на автомобили Рено (Renault), објави дека има намера да укине 7.500 работни места во Франција, со цел да стане повеќе конкурентен и да го отвори патот за вработување на работници со посебни вештини.

Од француската компанија напоменуваат дека 5.700 работни места ќе исчезнат со одење на вработените во пензија, а преостанатите работници ќе бидат пензионирани пред вообичаениот рок, наведуваат во соопштението од компанијата.

Компанијата бара одобрение од синдикатот за предлогот, бидејќи без одобрение од синдикатот отказите не се дозволени.

„Доколку биде потпиштан договорот со синдикатот, ова прераспоредување на вработените нема да доведе до затварање на фабриката, ниту до програмата за креирање на доброволни откази со отпремнина“, изјави Џералд Леклерк, шеф на француската фабрика Рено.

Рено во моментов во Франција вработува 44.642 работници, што значи дека тие имаат намера да укинат 17 проценти од работните места.

Со укинувањето на работните места, компанијата ќе заштеди околу 400 милиони евра фиксни трошоци, со што, ќе и се отвори поголем простор за инвестиции и развој

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП