6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen ќе пушти електричен наследник на Phaeton

Volkswagen ќе пушти електричен наследник на Phaeton

„Volkswagen“ планира електрична лимузина која ќе е ривал на „S-Class“ на „Mercedes“ и во исто време да има поуспешна судбина од „Phaeton“, кој не успеа да ги убеди потрошувачите дека брендот може да произведува луксузни автомобили. Производството на предводникот беше стопирано во 2015-та година и фановите на брендот со нетрпение го чекаат неговиот наследник.

Новиот модел, кој се уште нема име за сериската верзија ќе биде базиран на концептот „I.D. Vizzion“, кој беше претставен во март во Женева. Секако, другиот многу важен ривал на идната лимузина на „Volkswagen“ ќе е и „Tesla Model S“, бидејќи се знае дека конструкторите на гигантот ќе ја користат новата „MEB“ платформа, која ќе и овозможи на сериската верзија да ја задржи должината и меѓуоскино растојание на концептот.

„Сакаме да го претвориме „I.D. Vizzion“ во реален модел“, објасни Јирген Шакман, кој е одговорен за маркетинг и продажба на „Volkswagen“. „Претпоставувам дека тоа ќе се случи до 2022-ра година. Ова е предводник на следната генерација лимузини, па воопшто не сме имале сомнеж што погон да користиме“, додава тој.

Можностите на платформата „MEB“ ќе му дозволат на „VW“ да нуди различни опции на лимузината, што се однесува до батериите и досегот кој тие го гарантираат, како и во однос на погонот, како бројот и располагањето на електромоторите. Што значи дека по еден електричен мотор на предната и задната оска исто ќе е возможен.

Според шефовите на „VW“, километражата со едно полнење на сериските модели од идната „I.D.“ палета ќе е околу 400 километри, а што се однесува до луксузен модел, како „I.D. Vizzion“, би требало да очекуваме барем 600 километри со едно полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП