29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВип со поволен роаминг за сите корисници

Вип со поволен роаминг за сите корисници

roaming

За да им овозможи на своите корисници безгрижни летни одмори и комуникација со Македонија во сезоната на патувања во странство, Вип оператор нуди две нови поволни опции за разговори во роаминг, кои придонесуваат за значително намалување на трошоците.

Со првата опција, која е автоматски достапна за сите припејд и постпејд корисници, минута разговор од која било земја во странство кон сите мрежи во Македонија, чини 9,9 денари. За корисниците да ја добијат оваа поволност, единствено што треба да направат е да го внесат кодот *123* пред телефонскиот број што го повикуваат и знакот # на крајот (пример *123*3897X XXX XXX#). Промоцијата е достапна за корисниците веќе од денеска, па сè до 30-ти септември 2013-та година.

Со втората специјална опција која важи за постпејд корисниците, Вип им нуди на корисниците одлична можност да се опуштат во разговорите кога се во роаминг во Европските земји, бидејќи кога примаат повик, истиот ќе ги чини само 29 денари, без разлика колку долго зборуваат. Дополнително, цената за минута разговор од некоја од популарните туристички дестинации во соседните земји кон сите мрежи во Македонија,  чини 29 денари, додека цената за воспоставување на повик е 29 денари. Постпејд корисниците можат да ја активираат оваа опција без надомест преку СМС со текст START ROAM на бројот 140 777, директно во продажната мрежа на Вип или со јавување во Вип контакт центарот на 077 1234.

– Главната цел на Вип со овие роаминг тарифи е на нашите корисници да им овозможиме повеќе вредност, повеќе разговори и интернет за време на нивните летни одмори во странство, со поволни цени за опуштени разговори и без шокови од сметката потоа. На овој начин уште еднаш потврдуваме дека ги знаеме очекувањата на нашите корисници и подготвени сме соодветно да ги пресретнеме и задоволиме, изјави Џакомо Тољони, Главен маркетинг директор на Вип.

Повеќе информации корисниците можат да добијат во контакт центарот на Вип на 077 1234 или на веб страната www.vip.mк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП