19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе очекува одлука дали „Герешајмер“ ќе инвестира во Македонија, во игра се...

Се очекува одлука дали „Герешајмер“ ќе инвестира во Македонија, во игра се две земји

Се очекува одлука дали германската компнаија „Герешајмер“ ќе инвестира во Македонија. Бордот ќе ја донесе одлуката во последниот квартал годинава бидејќи во опција се две земји.

Ова го изјави членот на бордот на директори на медицинскиот оддел на „Герешајмер“, Оливер Бургел, по средбата со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Александар Младеновски, кои беа во работна посета во Сојузна Република Германија и во Република Чешка.

„Ги разгледуваме можностите за реализација на новата инвестиција, во опција се две земји, помеѓу кои е и Република Македонија. Импресионирани сме од инфраструктурата во вашата земја, од условите во технолошко-индустриските зони, како и од посветеноста на Владата да ја направи Македонија успешна приказна. Очекуваме во последниот квартал од 2018 година бордот на компанијата да донесе одлука за инвестицијата“, рече Бургел.

Анѓушев и Младеновски за време на посетата ги презентираа можностите за инвестирање во Македонија и мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со цел да ги убедат членовите на менаџментот да донесат одлука новата планирана инвестиција да ја реализираат во земјата.

„’Герешајмер’ е глобален лидер во производство на пластични и стаклени компоненти, кој соработува со најголемите медицински и фармацевтски компании, како AstraZeneca, GSK, Roche, Novo Nordisk и други. Иницијалните контакти со оваа компанија се направени пред 8 месеци, а за време на дводневната посета разговаравме со членовите на менаџментот на оваа компанија нивната нова инвестиција да ја реализираат во некоја од технолошко-индустриските зони во нашата земја. Посветени сме во реализацијата на овој проект, освен што би се вложиле значителни средства во изградба на производствена хала и набавка на опрема, процесот на производство е на највисоко технолошко ниво на развиеност, со што се отвора можност за вработување млади и едуцирани кадри од техничките струки“, нагласи Анѓушев.

Компанијата „Герешајмер“ има производствени капацитети во 15 земји во Европа, Азија, Северна и во Јужна Америка, а во согласност со деловниот план на компанијата, во периодот што следува планираат отворање уште една фабрика, која би можела да биде лоцирана и во Република Македонија.

Компанијата „Герешајмер“ во моментот управува со 50-ина производствени капацитети во 15 земји, во кои работат околу 10.000 лица, а остварува годишен приход од 1,3 милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП