19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие намирници го хидрираат телото

Овие намирници го хидрираат телото

Хидратацијата е секогаш важна за телото. Поради зголеменото потење на телото во летните денови потребно е течностите почесто да се надокнадуваат.

Водата е пијалок кој најдобро хидрира, но некои намирници се подобри и од водата бидејќи помагаат во одржувањето на соодветна рамнотежа на електролитите и овозможуваат правилно функционирање на организмот.

Секоја клетка во телото се состои од вода и на секоја клетка водата и е неопходна за правилно обавување на функциите. Ви ги претставуваме намирниците кои треба да станат дел од вашето секојдневно мени:

Краставица

Содржи висок процент на вода и витамин Ц. 100 гр. краставица содржи само 16 калории, што ја прави одличен избор во жешките летни денови бидејќи освежува, ги овозможува потребните хранливи материи, а ви овозможува и да не го надминете дневниот препорачан внес на калории.

Домат

Доматот содржи многу вода и влакна. Доматот исто така е одличен извор на антиоксиданси кои ќе ви помогнат во намалувањето на оштетувањата на кожата од сончевите UV зраци.

Тиквички

Тиквичките се составени од 95 проценти вода и се една од најдобрите намирници кога станува збор за хидрирањето. Тиквиците содржат мал број на калории, многу диетални влакна и се одличен извор на фолна киселина, витамин А и Ц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП