4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCommerzbank забележа зголемен раст, но по повисока цена

Commerzbank забележа зголемен раст, но по повисока цена

Напорната работа на германската „Commerzbank AG“ во потрага по добри перформанси започнува да се исплати во вториот квартал од годината, но по повисока од очекуваната цена.

Добивката и приходите на втората по големина берзански тргувана германска банка се покажаа повисоки од очекуваните за вторите три месеци од годината делумно благодарение на агресивното ширење на нејзиниот бизнис. Сепак, основните нивоа на капитал изненадувачки се намалија поради преземањето повеќе ризици во корпоративната кредитна книга, објави „Bloomberg“.

„Commerzbank“ имаше тешкотии да го префрли силниот клиентски раст во дополнителни приходи поради ниските каматни стапки и силната конкуренција од други банки. Финансиска институција исто така си плаќа за постигнување на целта од дополнителни 2 милиони клиенти на мало во Германија за четирите години до 2020-та година, а во вторникот предупреди дека оперативните трошоци може да се покажат малку повисоки од очекуваното во оваа година.

„Што се однесува до инвестициската активност, регулаторниот придонес и трошоците за проекти, ние благо ги корегиравме нашите цели за трошоците за целата 2018-та година до 7,1 милијарди евра“, се вели во соопштението на главниот финансиски директор на банката Штефан Енгелс.

Од своја страна, главниот извршен директор на „Commerzbank“, Мартин Цилке вети дека ќе ги зголеми нејзините приходи до 9,8 милијарди евра – вредноста на која беа во 2015-та година, една година пред тоа тој да го објави својот план за реструктуирање на финансиската институција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП