21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп се заканува на сите: Кој тргува со Иран, повеќе нема да...

Трамп се заканува на сите: Кој тргува со Иран, повеќе нема да соработува со Америка!

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди целиот свет дека секоја земја која ќе продолжи да тргува со Иран, без да се потпира на санкциите на САД против таа земја, повеќе нема да соработува со САД.

“Санкциите против Иран официјално стапија на сила, ова се најсериозните санкции досега, а во ноември тие ќе бидат подигнати на друго ниво”. Секој кој соработува со Иран повеќе нема да соработува со САД. Барам мир во светот, ништо повеќе!”, објави  Трамп на Твитер.

Првата фаза од новите американски санкции против Иран започна утринава во 4 часот по Средноевропско време и е првенствено поврзана со финансиските трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП