24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMонако подготви „стотка“ за Роналдо

Mонако подготви „стотка“ за Роналдо

ronaldo12

Доколку не успее да се договори со Реал до крајот на јули Кристијано би можел да ги спакува куферите и да се пресели во кнежеството. Со нов светски рекорд за надомест за обештетување Португалецот би можел да стане најплатениот играч во светот. А посебна предност е тоа што немора да плаќа даноци.

Како што објавија некои медиуми, Монако е подготвен да му плати на Реал 100 милиони, а преку Хорехе Мендеш на Роналдо му понудиле 20 милиони евра по сезона.

Тоа што му дозволува на Риболовјев да се „расфрла“ со пари е секако неговото богатство и фактот дека нема данок за него, па овие суми се прифатливи за „кнезовите“, односно за нивниот сопственик.

Роналдо би ги касирал парите без данок, поради тоа што ќе биде пријавен во Монако, а клубот смета на тоа дека Реал нема да има друго решение ако Португлаецот одбие да го потпише новиот договор.

Имено тој го има клучот во рацете поради тоа што има договор до 2015-та година, но „кралевите“ нема да можат да си дозволат да влезат во последната година од договорот, затоа што тоа би му ја намалило цената на Роналдо. Преговорите допрва претстојат, јули ќе биде клучниот месец, но доколку не дојде до договор Реал ќе се соочи со заминување на најдобриот играч.

Монако смета на Мендеш кој веќе ги доведе Мутињо и Родригез за 60 милиони, а пристигна уште еден негов пулен, Карвалјо, како слободен играч, а работат на тоа и Коентрао да го засили тимот. Но секако не заборавајте и на „Ел Тигре“, токму Мендеш се грижи и за Фалкао чија клаузула ја исплати Риболовјев.

Роналдо на кого исто така агент му е Мендеш би бил круна во составувањето на дрим-тимот. Сепак јасно е дека има многу препреки за реализација на овој трансфер. Кристијано би сакал да се врати во Јунајтед, но тие немаат доволно пари да го платат. Монако има, но прашање се солуциите од кои Роналдо би бил задоволен со оглед на квалитетот на лигата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП