3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛимузина моќна како Ferrari: BMW M5 Competition (фото+видео)

Лимузина моќна како Ferrari: BMW M5 Competition (фото+видео)

Не се случува често некој производител на автомобил, па дури и тоа да е „BMW“, во луксузна лимузина да „спакува“ моќ приближна на едно „Ferrari 488 GTB“.

Новиот „BMW M5 Competition“, чие производство започна во јули, има 4,4-литарски „twin-turbo V8“ мотор кој се наоѓа и во регуларниот „M5“, но инженерите од германската компанија го зајакнаа овој агрегат со 25 „коња“, па сега испорачува 625 ks (460 kW) при 6.000 o/min и 750 Nm максимален вртежен момент.

Моќта се пренесува на сите четири тркала преку осумстепен автоматик, а „M5 Competition“ дo „стотка“ стигнува за само 3,3 секунди, додека стрелката на брзиноматерот се качува 200 km/h зa 10,8 секунди.

Стартот на производството на новиот „BMW M5 Competition“, германскиот производител го одбележа со галерија на фотографии на возилото, кои на фановите на баварскиот бренд ќе им го разубави денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП