10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCisco купува стартап за сајбер безбедност

Cisco купува стартап за сајбер безбедност

Технолошката компанија „Cisco Systems“ најави дека планира да го купи стартапот за сајбер безбедноста „Duo Security“ за 2,35 милијарди долари во позадина на напорите на американскиот гигант да се насочи кон повеќе корисници со членства, подобрувајќи ги облачните услуги, пишува „Financial Times“.

Со седиште во Мичиген, „Duo“ нуди базирана во облакот двофакторна проверка на безбедноста, чија употреба станува широко користена, бидејќи луѓето чуваат пораки, банкарски сметки и други чувствителни информации на повеќе уреди.

Ова е најновиот потег на „Cisco“ во областа на сајбер безбедноста – област во која нејзините приходи се зголемиле за 11% во последниот квартал.

Дејвид Грокелер, извршен потпретседател и генерален менаџер на мрежите и безбедноста, коментира за „Financial Times“ дека договорот е „силно стратешки“, бидејќи му овозможува на „Cisco“ да нуди поголема лична заштита во облакот, додека се обидува да го промени фокусот од хардверот кон софтверот.

Даг Сонг ќе продолжи да го води „Duo“, чии 700 вработени ќе се вклучат во мрежниот и безбедносниот бизнис на „Cisco“.

Договорот се очекува да биде финализиран во вториот фискален квартал на „Cisco“ за 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП