2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing: Побарувачката на авиони ќе се зголеми

Boeing: Побарувачката на авиони ќе се зголеми

boing1

Глобалната побарувачка на патнички авиони во наредните 20 години ќе биде поголема од прогнозираната, благодарение на поголемата побарувачка во азиско-пацифичкиот регион.

Воздушниот сообраќај бележи експлозивен раст, при што, бројот на превезените патници на годишно ниво може да биде двојно зголемен во наредните две децении, проценуваат од компанијата „Boeing“.

„Boeing“ ги зголеми своите проценки за глобалната побарувачка на авиони за 3,8 проценти, на 35,280 авиони, чија вредност изнесува 3,600 милијарди евра.

Според прогнозите на „Boeing“, една третина од нарачките ќе дојде од азиско-пацифичкиот регион, каде авиопревозниците ќе имаат потреба од 12,820 нови авиони.

Пазарите во Северна Америка, чија флота е се постара, и во Европа ќе нарачаат по 7,000 авиони.

Авиопревозниците во Латинска Америка ќе нарачаат 2,900 авиони, на Блискиот Исток 2,610, а во Русија и во соседната Заедница на независни држави 1,170 авиони. Вкупната побарувачка  во Африка ќе изнесува 1,070 авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП