26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИT-Mobile и Nokia потпишаа договор за 3,5 милијарди долари

T-Mobile и Nokia потпишаа договор за 3,5 милијарди долари

Американскиот мобилен оператор „T-Mobile US“ ќе ги користи услугите на финската компанија „Nokia“ при испораките на опрема за новата генерација „5G“, трансакцијата ќе биде во вредност од 3,5 милијарди долари – најголема од ваков тип во светот, соопштува „Ројтерс“.

„T-Mobile“ рече дека договорот со „Nokia“ ќе ја лансира првата национална „5G“ услуга во САД.

Одлуката на „T-Mobile“ е од критично значење за „Nokia“, чии резултати беа погодени од години на забавување на побарувачката на постојните „4G“ мрежи и растечките сомнежи на инвеститорите во врска со договорите за новата технологија која би требало да ја зголеми профитабилноста на компанијата до крајот на годината.

Технологијата „5G“ гарантира подобра брзина на мобилниот интернет, како и на различните безжични апликации, претворајќи ја услугата основен фактор при развојот на индустриската автоматизација, беспилотните автомобили и медицинскиот мониторинг.

„Nokia“ ќе ја испорача својата „AirScale“ платформа заедно со хардверот, софтверот и услугите за забрзување базирани на облакот.

Бизнисот во областа на мрежната опрема, кој е воден од три големи компании – кинеската „Huawei“, „Nokia“ и шведската „Ericsson“, се бори за раст, откако во 2015-та година „4G“ технологијата го достигна својот максимум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП