17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft го зголеми уделот во облачниот бизнис побрзо од своите конкуренти

Microsoft го зголеми уделот во облачниот бизнис побрзо од своите конкуренти

„Microsoft“ повторно освои поголем пазарен удел во бизнисот со облачни услуги од своите главни конкуренти во вториот квартал, покажуваат податоците на компанијата за истражување во областа на технологијата, цитирана од „CNBC“.

Компанијата утврдила дека „Microsoft“ станува се поголема конкуренција на лидерот на пазарот на јавни облачни услуги „Amazon“. Ова се случува откако„ Amazon“ и „Google“ пуштија клучни производи, какви „Microsoft“ ги има уште пред нив – хибридни облаци, што значи дека корисниците можат да се потпираат на мешавина од облачни услуги и софтвер кој го користат во своите центри за податоци, и тие да управуваат со ова со заеднички сет на алатки.

Во вториот квартал „Microsoft Azure“ имал удел од 14% од пазарот на облачната инфраструктура, посочува „Synergy Research“. „Microsoft“ освои 3 ​​процентни поени, проширувајќи го пазарниот удел на годишна основа, додека „Amazon“ ги задржа старите 34%, а „Google“ забележа раст од 1 процентен поен на својот удел, кој достигна 6%.

Откако ги објави финансиските резултати во четвртокот, „Amazon“ откри дека нејзиниот облак има генерирано приходи за 6,11 милијарди долари, што е за 49% повеќе во однос на една година порано. „Microsoft“ не ги откри приходите од „Azure“ за кварталот, но рече дека тие се зголемиле за 89 отсто. Исто така „Google“ не ги открива податоцита за облачниот бизнис, ниту за стапката на раст за кварталот.

При претставувањето на финансиските резултати на „Microsoft“ на 19-ти мај аналитичарот на „Morgan Stanley“, Кит Вејс го праша главниот извршен директор Сатја Недела за тоа како корисниците го променија начинот на кој се користи „Azure“. Надела одговори дека немало големи промени, а наместо тоа објави претходно за приодот да се нудат исти апликации со оние во центарот за податоци на организациите во облакот на „Microsoft“, за да можат со времето фирмите да ги пренесат податоци во облакот, кој ужива во успехот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП