11 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИИзвештајот на Nokia ги намали акциите за 9%

Извештајот на Nokia ги намали акциите за 9%

Акциите на „Nokia“ ја намалија својата вредност за 9 отсто, откако финскиот производител на телекомуникациска опрема забележа послаби резултати за вториот квартал и изјави дека се надева на повеќе приходи поради технологијата „5G“ подоцна во оваа година.

Приходите на компанијата за споменатиот период се намалиле за 6 отсто до 5,3 милијарди евра, иако падот е скромен без девизните флуктуации – 1%.

Оперативната добивка падна за 42 отсто на 334 милиони евра, што е нешто помалку од пазарните очекувања. Намалувањето на добивката се должи на намалениот нето приход од продажбата, големиот пад на приходите во Кина и намалените маржи. Сепак „Nokia“ ја задржи годишната прогноза поради продажбата поврзана со „5G“ која се очекува да се активираат во втората половина од годината.

„Нашата визија за забрзување на „5G“ не е променета и ние продолжуваме да веруваме дека „Nokia“ е добро позиционирана за овој технолошки циклус, со оглед на нашето портфолио“, коментира компанијата. Таа додава дека ужива добра стапка на склучување договори и се надева на одреден успех на почетокот на клучните пазари на „5G“ – САД и Кина.

„5G“ е најновата генерација мрежи, поради што се очекува мобилните оператори да потрошат милијарди долари за да ја подобрат сегашната инфраструктура и да се справат со бумот на побарувачката на податоци, како од корисниците, така и од компаниите.

Првите значајни „5G“ договори веќе се договорени – пред комерцијалното отворање на мрежата во 2019-та и 2020-та година.

„Nokia“ на овој пазар се натпреварува со шведски „Ericsson“ и кинеските играчи „Huawei“ и „ZTE“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП