22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai развива многу брз модел

Hyundai развива многу брз модел

„N“- делот на „Hyundai“ наскоро ќе започне со работа во сосема нов спортски модел, откри потпретседателот на компанијата Томас Шемер за „Auto Express“. Според него, овој автомобил ќе биде уникатен во својот вид, а неговата задача ќе биде да се зајакне имиџот на брендот.

Раководството на „Hyundai“ сепак уште не одлучило каков точно ќе биде новиот спортски модел: дали ќе е двосед купе или „надуена“ верзија на седанот „KIa Stinger“. Не се исклучува и можноста за брза верзија на било кој од моделите на премиум брендот „Genesis“.

На саемот за автомобили во Франкфурт во 2015-та година, „Hyundai“ го претстави концептот на „N 2025 VGT“. Ова е вистински тркачки автомобил со хибриден систем и карбонски влакна. Неговите динамички карактеристики не беа објавени, но со тежина од 972 кг и моќност од 871 КС, тие секако се импресивни.

Во 2013-та година брендот пак претстави на автомобилскиот саем во Сеул концептот купе „HND-9“. Под хаубата тој има 3.3-литарски би-турбо V6 мотор со 370 КС.

Сепак, останува да се види каква точно ќе биде одлуката на првите луѓе на брендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП