Американскиот телеком оператор „AT & T“ ги проширува своите 5G услуги. Оклахома Сити и два града во Северна Каролина – Шарлот и Рејли, ќе ja добијат оваа мобилна услуга подоцна во оваа година, објави компанијата. Тие се приклучија на Атланта, Далас и Вако, Тексас, за што веќе беше јасно дека ќе бидат вклучени во програмата.
Конкурентот „Verizon Communications Inc.“ во меѓувреме го разгледува вклучувањето на 5G услугата во четири града во оваа година, вклучувајќи ги Лос Анџелес и Сакраменто, Калифорнија.
Сите мобилни оператори во САД ја тестираат новата мрежна опрема од 5G во избраните области, имајќи за цел да бидат први во пуштањето на оваа услуга со брзина на врска, за која ветуваат дека ќе бидат 10 до 100 пати побрза од сегашните стандарди. Идејата е дека драстично повисоките брзини ќе помогнат конечно да се одржува сè – од самоуправувачки автомобили до хируршки роботи со далечинско управување.
Технологијата исто така се смета за потенцијален двигател на економската експанзија. Компаниите од овој сектор се очекува да потрошат околу 200 милијарди долари за 5G технологијата, а администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја рангира меѓу националните приоритети.
Оригиналната 5G услуга на „AT & T“ ќе биде насочена кон мобилните уреди со т.н. „хот-спотови“ (жаришта), а не од телефоните. „Verizon“ користи сличен пристап кој ја поврзува домашната услуга за да служи како алтернатива на оптичката конекција со оптички влакна.
Користејќи го безжичниот широкопојасен интернет, „Verizon“ ќе продава интернет, телефонски и ТВ-услуги за да се натпреварува со кабелските компании, вклучувајќи ја и „Comcast Corp.“ и „Charter Communications Inc“.
Двата помали оператори, „T-Mobile US Inc.“ и „Sprint Corp.“, исто така, гледаат на 5G како клуч за нивната иднина. Тие тврдат дека предложеното спојување помеѓу двете компании ќе им помогне побрзо и поефикасно да ја распореди новата технологија.