19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВисоките трошоци за плати влијаеа на профитот на Ryanair

Високите трошоци за плати влијаеа на профитот на Ryanair

Британската нискотарифна авиокомпанија „Ryanair“ соопшти дека нејзиниот профит во второто фискално тромесечје бил погоден од зголемените трошоци за плати, високите цени на нафтата и намалувањето на цените на билетите.

Овие фактори одиграле главна улога за падот на профитот на нискотарифната авиокомпанија во последниот квартал (април-јуни) со близу 20 проценти до 319 милиони евра, пренесува „BBC“.

„Ryanair“, исто така, додаде дека просечните летни цени на билетите ќе бидат пониски од очекуваното. Ова се должи на сериозната конкуренција, топлотниот бран во северна Европа и несигурноста предизвикана од штрајковите на персоналот.

Вработените во компанијата продолжуваат да инсистираат на подобра плата и подобри работни услови.

Трошоците поврзани со персоналот, се зголемиле за 34 отсто поради растот на пилотските плати со 20%, соопшти Мајкл О’Лири, извршен директор на „Ryanair“.

Сепак се очекува авиопревозникот да ја исполни прогнозата за годишна добивка во опсег меѓу 1,25 и 1,35 милијарди евра.

Авиокомпанијата соопшти дека е загрижена за опасноста од „hard Brexit“, сметајќи дека овој ризик се потценува.

Таа ги предупреди акционерите од Велика Британија дека може да го изгубат своето право на гласање во случај на „hard Brexit“.

„Иако постојат изгледи 21-месечниот договор за транзиција од март 2019-та година до декември 2020-та година да биде исполнет, неодамнешните настани во британската политичка сфера додадоа уште несигурност и сметаме дека ризикот од „hard Brexit“ останува потценет“, алармираат од компанијата.

„Може да бидеме принудени да го ограничиме правото на глас на сите акционери надвор од Европската унија (ЕУ), во случај да се дојде до „hard Brexit“ за да се осигура дека „Ryanair“ останува во мнозинска сопственост на акционерите од ЕУ“, предупреди уште авиокомпанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП