12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФејсбук ќе лансира интернет-сателити, сака да го поврзе целиот свет

Фејсбук ќе лансира интернет-сателити, сака да го поврзе целиот свет

Иницијативата на Фејсбук, Internet.org има мисија за поврзување на целиот свет на интернет, фокусирајќи се на најотфрлените области, земјите во развој и местата каде што поврзувањето со сателитите не е профитабилно.

За овие цели, тие веќе се обиделе да ги развијат беспилотните летала на “Aquila”, кои со месеци би можеле да кружат околу небото и да служат како предаватели, но неодамна се откажале од овој проект. Сега, сепак, “Wired” дознава дека компанијата на Цукерберг се сврте кон телекомуникациските сателити со кодно име “Athens”.

Се работи за истражувачки проект чија цел е во иднина да лансира цела мрежа на интернет-сателити низ планетата. Да потсетиме, сличен проект води и компанијата SpaceX. Тој е наречен “Starlink” и исто така преку сателитите сака да ја покрие целата земја со  безжичен интернет.

Во 2016 година, Фејсбук се обидел да лансира еден сателит во орбитата преку ракета на SpaceX, но таа ракета експлодирала при лансирањето. Тие сега потврдија од компанијата дека новиот проект ја спроведува истата мисија како и порано и сака да испорача широкопојасен интернет пристап до областите каде што во моментов не постои.

Според сегашните планови, првиот сателит треба да биде пуштен на почетокот од следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП