
Јужнокорејскиот производител „Hyundai“ ја промовираше новата верзија на својот хечбек „i30“ со пакет на опрема „N Line“.


Јужнокорејскиот производител „Hyundai“ ја промовираше новата верзија на својот хечбек „i30“ со пакет на опрема „N Line“.
„N Line“ му носи спортска линија на „i30“ во екстериерот и ентериерот позајмени од предводникот „i30N“.

Тоа придонесува „i30“ да има агресивен изглед, но и динамика при возењето, тврди „Hyundai“.
Што се однесува до техничките подобрувања, тука се поголемите сопирачки, 18-инчните алуминиумски бандажи, додека под хаубата купувачите може да изберат помеѓу турбо-бензинец и турбо-дизел.

Бензинецот е 1,4-литарски со 138 KS i 242 Nm вртежен момент, а дизелот е 1,6-литарски со 134 KS и 280 Nm, двете верзии се со автоматски менувач со двојно квачило.

Иако „i30 N Line“ е далеку од „i30N“ кој располага со 271 KS и 352 NM, нема шанси дека со својата цена да го привлече вниманието на купувачите кои барем сакаат спортски изглед на своето возило.