26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUnilever забележа полоши резултати од очекуваните

Unilever забележа полоши резултати од очекуваните

Британскиот концерн „Unilever“ не можеше да ги исполни очекувањата на аналитичарите од продажбата во вториот квартал од годината, наведувајќи ги како причина бразилските протести за превоз, како резултат на високите цени на горивото.

Производителот на сладоледите „Ben & Jerry’s“ и сапуните „Dove“ објавија раст на продажбата помала од очекуваната, поради што не ги зголемија цените доволно за да го компензираат заостанувањето, објави „Bloomberg“.

Според податоците, главната продажба бележи раст од 1,9% помеѓу април и јуни, во споредба со очекувањата од 2,3%. Ова претставува значително забавување на растот од почетокот на годината, кога изнесуваше 3,4%. За првата половина од годината, растот, исто така, се намали за 0,6 процентни поени поради протестите. Латинска Америка е одговорна за 15% од продажбата на „Unilever“.

Претходно, компанијата направи прогноза за раст во првата половина, предвидувајќи дека ќе биде во опсег од 3% до 5% што се очекува за раст за годината.

Компанијата предвидува растот да се опорави во втората половина од 2018-та година на меѓу 4,5% и 5%, рече главниот финансиски директор Грејм Питетли.

„Ние сме многу задоволни од перформансите на брендовите кои се навистина силни“, рече тој. „Ние веќе правиме позитивен напредок кон зголемувањето на цените во втората половина“, бидејќи компанијата ќе понуди нови производи, додаде Питетли.

„Unilever“, исто така, рече дека поради консолидацијата на компанијата со седиштето во Холандија и несогласувањето на инвеститорите, акцијата на компанијата во индексот на британскиот „FTSE 100“ е „исклучително мала“.

Производителот, исто така, бара нов извршен директор за да го наследи Пол Полман, кој е на оваа функција од 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП