26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба сака да се врати во Јувентус

Погба сака да се врати во Јувентус

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Пол Погба сака да се врати во Јувентус, пишува италијанското издание „Тутоспорт“.

Дваесет и пет-годишниот француски репрезентативец не сака повеќе да работи под Жозе Мурињо и сака да се врати во клубот од Торино.

Пред две години Манчестер Јунајтед го купи Погба од Јуве за сума од 105 милиони евра. Во 2012 година халфот ги напушти „црвените ѓаволи“ и се упати кон Италија, но како слободен агент.

За Погба интерес, исто така, манифестира и шпанска Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП