Американскиот развивач на софтвер за маркетинг и продажба „Salesforce“ објави дека склучил договор за купување на „Datorama“ – базираната во Израел компанија за облак, маркетинг платформа со вештачка интелигенција, пренесува „Ројтерс“.
Условите на трансакцијате не беа откриени, но израелските медиуми објавија дека тоа чинело над 800 милиони долари. Тимот на „Datorama“ во Тел Авив одби да даде коментар за ова прашање.
„Salesforce“ е меѓу компаниите кои прават значителни придобивки од т.н. дигитална трансформација – растечкиот тренд, при што компаниите ги преместуваат своите операции во базираните во облак услуги, кои се поевтини и им нудат повеќе опции за раст.
„Datorama“ има повеќе од 3.000 клиенти, вклучувајќи ги „PepsiCo“, „Ticketmaster“, „Trivago“, „Unilever“, „Pernod Ricard“ и „Foursquare“.
Компанијата привлече 50 милиони долари во приватен капитал и има 400 вработени.