22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBroadcom сака да го купи корпоративниот производител на софтвер CA

Broadcom сака да го купи корпоративниот производител на софтвер CA

Американскиот производител на чипови „Broadcom“ сака да се прошири и да го купи доставувачот корпоративен софтвер „CA“ за 19 милијарди долари. Предложеното купување е важен елемент во планот на лидерот во инфраструктурната технологија, изјави главниот извршен директор на „Broadcom“, Хок Тан.

Според двете компании, „CA“ се проценува на 44,50 долари по акција. Акцијата ја заврши сесијата по цена од 37,21 долари, а на резервната сесија се зголеми за 15,6 проценти. Спротивно на тоа, акциите на „Broadcom“ паднаа за 5,5%.

„CA“, порано позната како „Computer Associates“, ги има своите корени во компјутерски апликации за супер-компјутери кои се користат главно од банки. Сепак, во последниве неколку месеци, „CA“ се повеќе се концентрира на облачниот бизнис.

Експертите се скептични за плановите на „Broadcom“. Раководителот на групата, Тан го предводеше купувањето на голем број други компании за производство на чипови, спојувајќи ги и заштедувајќи пари. Сепак аналитичарот Кингаи Чан од „Summit Insights Group“ вели дека не е јасно дали договорот за „CA“ ќе биде успешен. Планираниот договор ќе доведе до непријатност за инвеститорите, смета тој. Експертот Амит Дарјанани од „RBC Capital Markets“ пак пишува во соопштението до инвеститорите дека „Broadcom“ се уште има долг пат до слична трансакција.

Всушност „Broadcom“ сакаше да го купи конкурентот од САД, „Qualcomm“ за 117 милијарди долари како дел од непријателско преземање. Но, американскиот претседател Доналд Трамп се спротивстави на трансакцијата поради безбедносни причини. Тогаш седиштето на компанијата „Broadcom“ беше во Сингапур. Во меѓувреме таа се пресели во Сан Хозе и на тој начин официјално не подлежи на контрола од моќната Комисија за странски инвестиции (CFIUS), која може да забрани такви трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП