28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазна од 500.000 фунти за Фејсбук

Казна од 500.000 фунти за Фејсбук

Фејсбук се соочува со првата парична казна поради скандалот со Кембриџ аналитика, на која и овозможил да ги користи личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа.

Надлежната канцеларија на британската влада која го истражуваше скандалот соопшти дека планира да го казни Фејсбук со пола милион фунти (663.000 долари) поради лошата заштита на податоците. Тоа е максималната казна која надлежните можат да ја изречат за кршење на британските закони за приватност на податоците.

Казната од пола милион фунти е незначителен износ за мрежата која има пријавено приход од 11,97 милијарди долари за само првите три месеци од годинава. Овие средства таа ги генерира речиси на секои седум минути.

Британската компанија Кембриџ аналитика, која го советуваше амриканскиот претседател Доналд Трамп во изборната кампања во 2016 година, прибрала лични податоци на 87 милиони корисници во светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП