Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,017.33 -0.83%    APTK 750.00 0%    AUMK 1,803.00 2.97%    BESK 9,530.00 -2.41%    BEST 1,886.00 0%    FERS 59,500.00 -2.09%    GRNT 821.15 -1.07%    KJUBI 1,550.00 -0.06%    KMB 5,057.35 -2.74%    MPOL 281.00 -2.77%    MPT 42,987.44 -1.53%    OHB 6,100.00 -0.13%    OKTA 4,336.84 -0.55%    PPIV 44,108.00 -3.06%    RMDEN16 95.00 -0.84%    RMDEN17 95.90 0%    RZUS 138.90 9.6%    STIL 127.00 -5.17%    TPLF 990.17 2.29%    TTK 981.88 -1.82%    UNI 2,354.00 -1.92%    USJE 22,002.14 -1.62%    VITA 8,512.00 0.11%    

СП Русија 2018: Белгија или Франција?

Време: 13:11

Датум: јули 10, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалерите на Белгија и Франција, вечерва на Крестовски стадионот во Санкт Петербург, ќе го одиграат првото полу-финале на Светското првенство. Според многумина, ова ќе биде пресметка на селекциите што најмногу покажаа во досегашниот тек од првенството.

За потсетување, двете репрезентации ги освоија првите места во своите групи. Франција беше пред Данска, Перу и Австралија, додека Белгијците беа пред Англија, Тунис и Панама.

Во нокаут фазата Франција мина преку јужноамериканските селекции Аргентина и Уругвај, а Белгија беше подобра од Јапонија и Бразил.

„Знаеме дека нашите навивачи имаат големи очекувања. Имаме единствена атмосфера во тимот, додека класата на фудбалерите и тренерскиот тим ни овозможуваат да се бориме за највисок пласман. Сакаме да победиме на секој натпревар, за титулата ќе разговараме доколку се пласираме во финалето. Мислам дека имаме се она што е потребно да го освоиме Светското првенство“, рекол еден од најдобрите играчи на Белгија, Кевин Де Брујне.

Од друга страна младиот лев бек на Франција, Лукас Хернандес, истакнал дека неговата репрезентација може да го сведе на минимум влијанието што Азар го има во играта на Белгија.

„Ако можевме да го оневозможиме Лео Меси, тогаш можеме да се справиме и со Азар. Меси е најдобриот светски играч, а против нас не ја допре топката. Имаме одлична генерација, амбициозни сме и не интересира само трофејот. Знаеме дека се е можно. Два натпревари останаа до крајот на турнирот и ќе се бориме како лавови“, рекол Хернандес.

Франција вечерва ќе се бори за пласман во своето трето финале на светските првенства. „Триколорите“ ја освоија титулата во 1998 година, а беа поразени во 2006 година. Исто така, Франција има и две трети места на светските првенства.

Од друга страна, најголемиот успех на Белгија е остварен во 1986 година кога генерацијата на Кулеманс го освои четвртото место. На минатото светско првенство Белгија играше во четврт-финалето.

Најголем резултат во историјата на белгискиот репрезентативен фудбал е финалето на Европското првенство во 1980 година.

Натпреварот во Санкт Петербург ќе започне во 20 часот. Утре во истиот термин, во Москва, во второто полу-финале ќе играат Англија и Хрватска.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Австралија како огледало на нееднаквоста

    Австралија како огледало на нееднаквоста

    Нееднаквоста во светот е тема со која се занимаваат умовите на некои од најбогатите и најуспешните претприемачи на нашето време. Дискутабилно е какви се нивните…

  • Граѓанските активисти остануваат против градежни активности на Водно за изградба на гасовод

    Граѓанските активисти остануваат против градежни активности на Водно за изградба на гасовод

    Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ останува на ставот дека е против какви било градежни активности во „Парк шумата Водно“ и по вчерашната средба со вицепремиерот…

  • 70 години од Porsche прославени на легендарниот Goodwood Festival of Speed

    70 години од Porsche прославени на легендарниот Goodwood Festival of Speed

    Историската тркачка патека Goodwood му оддаде чест на Porsche и неговите 70 години постоење со централна прослава на 2018 Festival of Speed, настан кој што…

  • Microsoft работи на конкурент на AirPods?

    Microsoft работи на конкурент на AirPods?

    Се чини дека „Microsoft“ ја истражува можноста да влезе на пазарот на паметни слушалки и со сопствен проект да се натпреварува со „Apple AirPods“. Наводниот…

  • Државата денеска се задолжува, утре се раздолжува за 22 милиони евра

    Државата денеска се задолжува, утре се раздолжува за 22 милиони евра

    Државата денеска планира да позајми 22 милиони и 764 илјади евра од домашните банки и кредитори преку издавање петгодишни и триесетгодишни државни обврзници. Парите што…

  • Неколку начини да ја победите конкуренцијата

    Неколку начини да ја победите конкуренцијата

    Во денешно време, ако сакате да ги исполнувате деловните обврски и да имате добар живот, мора да ја победите конкуренцијата. А единствениот начин за да…

  • ЈП ПОЦ: Од денеска почнува ажурирањето на податоците на паркиралиштата

    ЈП ПОЦ: Од денеска почнува ажурирањето на податоците на паркиралиштата

    Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ од денес ќе почне со ажурирање на податоците на корисниците на затворените паркиралишта со кои стопанисува…

  • Погледнете во работилницата во која се доработуваат моделите на Mercedes (видео)

    Погледнете во работилницата во која се доработуваат моделите на Mercedes (видео)

    За купувачите на кои дури ни новите „Mercedes“ модели во нивната фабричка состојба не се доволно добри, тука е „Brabus“ да има ги исполни сите…

  • Deutsche Bank двојно ги надмина очекувањата на аналитичарите за профит

    Deutsche Bank двојно ги надмина очекувањата на аналитичарите за профит

    Германската банка „Deutsche Bank“ ги изненади позитивно аналитичари откако забележа профит во вториот квартал, што двојно ги зголеми очекувањата. Ова им дава на доверителите шанса…

  • „Јувентус“ веќе има план како да ја врати инвестицијата во Роналдо

    „Јувентус“ веќе има план како да ја врати инвестицијата во Роналдо

    „Јувентус“ направи голем трансфер ова лето, откако го привлече петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо. Овој трансфер „старата дама“ ќе ја чини повеќе од…