Втората по големина швајцарска банка „Credit Suisse“ создаде нова позиција во структурата, чија цел ќе биде да ги разгледува жалбите за сексуално насилство во рамките на финансиската институција, соопштува „Ројтерс“.
Назначувањето на Антоанет Пошунг на функцијата омбудсман во врска со прашањата за однесувањето и етиката доаѓа откако извршниот директор на банката Тиџан Таим нареди спроведување на проверка за начините на кои банката ги разгледува случаите со поплаки за сексуална злоупотреба.
Исто така, новата позиција на Пошунг, исто така, ќе биде поврзана со политиките на целата финансиска група.
Според зборовите на Тиам, тој се обратил кон одборот за прашањата за однесувањето и етиката со барање за изготвување на извештај за тоа како „Credit Suisse“ одговара на поплаките за сексуално малтретирање, а потоа добил препораки кои ќе бидат применети веднаш.
„Завршувајќи ја својата рецензија, тие направија јасни препораки кои ќе бидат спроведени со непосреден ефект“, вели извршниот директор во интерната порака, цитирана од „Ројтерс“.
Пошунг, која досега беше шеф на „HR“ одделот за корпоративни функции, ќе одговара за разгледувањето на сите приговори за сексуална злоупотреба, а исто така ќе прави проверка на обуките и политиките во областа на институцијата.