21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈазот во платите кај германските шефови и вработените расте

Јазот во платите кај германските шефови и вработените расте

Јазот меѓу платите на високите менаџери во Германија и нивните вработени се зголемил значително во последните години, покажува неодамнешното истражување.

Членовите на одборите на директори на компании од „DAX“ заработиле минатата година во просек по 71 пати повеќе отколку просечен вработен во нивната компанија, покажува анализата на Фондацијата „Hans Böckler“.

Во 2014-та година, разликата била 57 пати.

Институтот за учество и менаџмент на фондацијата го пресметува т.н. „Manager-to-Worker-Pay-Ratio“ петти пат од 2005-та година. Во последните дванаесет години до 2017-та година разликата во платите на топ менаџерите и просечните вработени порасна за околу 70 %.

Во 2005-та година, член на бордот на директори на концерн од „DАХ“ добивал во просек 42 пати повеќе од еден просечен вработен.

За прв пат е пресметана исто така и разликата меѓу платата на директорите на компанијата – кои се меѓу најплатените членови на одборите, и просечниот вработен. Во изминатата година шеф на компанија од „DАХ“ заработил 97 пати повеќе од просечниот вработен.

Главниот извршен директор на „Deutsche Post“, Франк Апел води во рангирањето, откако добива за 232 пати повеќе од просечниот вработен во поштата, следен од раководителите на производителот на цемент „HeidelbergCement“, на спортските стоки „Adidas“, како и автомобилскиот гигант „Daimler“ и софтверскиот „SAP“.

На дното на ранглистата е „Commerzbank“ – директорот Мартин Зилке добива за 25 пати повисока плата од регуларен вработен во втората по големина германска комерцијална банка.

Германските компании не треба да прецизираат кој е односот помеѓу платите на членовите на одборот на директори и просечните плати во компанијата. Невладината организација сепак, ги критикуваше за тоа и ја повика федералната влада да гарантира во претстојното имплементирање во германското право на директивата на ЕУ за правата на акционерите, што гарантира за поголема транспарентност.

„Ова е важно и со оглед на чувството за правда и мотивацијата на вработените“, велат од „Hans Böckler“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП