12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJaguar се заканува да ја напушти Британија

Jaguar се заканува да ја напушти Британија

Британскиот најголем производител на aвтомобили „Jaguar Land Rover“ се заканува во случај на „hard Brexit“ да го напушти Островот.

„Лошиот договор за „Brexit“ ќе го чини „Jaguar Land Rover“ повеќе од 1,2 милијарди фунти годишно“, вели извршниот директор на групата, Ралф Спат.

„Како резултат на тоа, ќе мораме драстично да го прилагодиме профилот на трошоците“, објаснува тој.

Компанијата инвестираше околу 50 милијарди фунти во Велика Британија во текот на изминатите пет години. Во следните пет години, за инвестиции се планираат уште 80 милијарди фунти. „Но, овој план ќе биде во опасност ако наидеме на погрешен резултат“, предупреди Спат.

Најголемиот британски производител на автомобили веќе објави пред неколку дена дека ќе го премести целото производство на популарниот модел „Discovery“ во Словачка, за да ги намали негативните ефекти од претстојниот „Brexit“. Најверојатно тоа ќе доведе до уште неколку намалување на работни места во англиските фабрики на компанијата во додаток на илјадата кои „JLR“ веќе ги најави претходно во оваа пролет.

Според аналитичарите е премногу веројатно и други постапки да бидат пренасочени кон градот Нитра, Словачка, кој треба да започне со работа кон крајот на оваа година. Во прилог на „Discovery“, ќе има и нов „Defender“, како и покомпактен кросовер на „Jaguar“.

Околу 9 месеци пред планираниот излез од ЕУ на Велика Британија, скептицизмот сè повеќе преовладува меѓу менаџерите во Велика Британија. Според една студија објавена од Deloitte, ревизорска и консултантска фирма, 75% од финансиските директори се песимисти за „Brexit“. Тие стравуваат дека нивната деловна клима ќе биде сериозно оштетена.

Во меѓувреме стана јасно дека инвестициите во британската автомобилска индустрија се намалиле за половина поради загриженоста дека „Brexit“ може да влијае на концерни и да ги принуди да ги затворат фабриките. Здружението на автомобилски производители и трговци соопшти дека инвестициите во нови модели, опрема и инсталации во Велика Британија достигна 347 милиони фунти (460 милиони долари) во првото полугодие во однос на 647 милиони фунти (860 милиони долари) во истиот период од 2017-та година.

Ваквиот чекор е резултат на стравувањата дека царинските проверки кои ќе следат по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, можат да ги забават испораките на авто делови потребни за траење на фабриките.

„BMW“, кој го произведува култниот модел „Mini“ во фабрика во близина на Оксфорд, предупреди дека доцнењето ќе доведе до затворање на фабриката. Производителите на автомобили кои се потпираат на софистицирани глобални синџири на снабдување се загрижени дека „Brexit“ ќе доведе до нови трговски бариери и одложувања на границите. Околу 45% од автомобилите произведени во Велика Британија се извезуваат во земјите-членки на ЕУ.

„BMW“ има 8.000 вработени во Велика Британија, што е четврти по големина пазар. „Nissan“, „Toyota“, „Honda“ и „Jaguar Land Rover“ исто така имаат големи производствени капацитети во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП