16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБишев: Шпаркасе има капитал и може неограничено да кредитира

Бишев: Шпаркасе има капитал и може неограничено да кредитира

shparkase1

Шпаркасе Македонија ќе има рамноправен третман и подеднакво ќе го кредитира и населението и претпријатиjата. Планира до крајот на годината да го зголеми учеството во станбеното кредитирање до 7 проценти, од сегашните 5,5.

Ова го најави денеска на прес конференција новиот претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на банката Глигор Бишев.

– Адекватноста на капиталот на банката е 29,5 проценти, што е високо и овозможува кредитирањето да биде неограничено, истакна Бишев, додавајќи дека во Банката поголеми се кредитите од депозитите.

За новите станбени кредити што ги промовираше, Бишев, посочи дека ќе користат средства од нивната матична банка во Австрија. Нудат два вида кредити со фиксна каматна стапка во првите три и во првите пет години.

Според Бишев тоа ќе овозможи да може на подолг рок клиентите да ги предвидат трошоците. Каматната стапка која за првиот кредит е 5,25 и за вториот 5,5 проценти, ќе се разгледува на секои шест месеци и ќе се утврдува зависно од случувањата на меѓународниот пазар. Смета дека и по нова година ќе важат истите услуви како и сега кога е нуди овој производ.

Очекува кредитниот раст да се забрза и ги охрабрува носителите на економските политики да ги усвојат најавените неконвенционални мерки. Посочи дека гарантниот фонд е добредојден за финансирање мали и средни претпријатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП