19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDell повторно ќе биде јавна компанија

Dell повторно ќе биде јавна компанија

Најголемата приватна компанија во светот „Dell Technologies“ најави дека планира повторно да стане јавна, влегувајќи во нова фаза од спроведувањето на повеќегодишниот план за обновување на нејзиниот бизнис, пишува „Bloomberg“.

Технолошкиот гигант ќе се врати на јавните пазари како подружница на друштвото „DVMT“, при договор за готовина и размена на удели, објави „Dell“. Акциите на компанијата, кои во моментов се во износ од околу 17 милијарди долари, ќе одговорат на вредноста на софтверскиот инвеститорот „Vmware“ во кој „Dell“ има контролен удел.

Како дел од договорот „Vmware“ ќе им плати на акционерите на „DVMT“ 11 милијарди долари посебна дивиденда во готово, а „Dell“ ќе понуди повеќе акции (или готовина), за да се пополни јазот, со што вкупната зделка ќе достигне 21,7 милијарди долари . Обични акции класа „C“ на „Dell Technologies“ ќе бидат јавно објавени на берзата во Њујорк.

Главниот извршен директор Мајкл Дел разгледа голем број на опции за поедноставување на бизнисот на својата технолошка империја.

Носителите на акции „DVMT“ – познати уште како „Dell Technologies Class V“ – имаат опцијата или да ги заменат акциите за обични акции на „Dell“ од одделение „C“ или да земат по 109 долари за секоја акција класа „V“. Предлогот е со 29% повеќе во однос на цената, на кои акциите на класата „V“ завршија во петокот.

Се очекува зделката да биде финализирана во четвртиот квартал на 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП