Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Предлогот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) за намалување на бројот на странски кошаркари доби поддршка од Здружението на македонските кошаркари.
„Сметаме дека раководството на Федерацијата презема еден важен чекор за подобрување на статусот на домашните кошаркари, како и на македонската кошарка во целост. Сакаме да го поздравиме ваквиот потег, но и да потсетиме дека остануваат и други чекори што според нас се неопходни за подигнување на квалитетот на сениорските лиги и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Се надеваме дека ваквите промени ќе ги поттикнат прволигашите да почнат посериозно да инвестираат во младите играчи и ќе преземаат низа мерки како би го олесниле процесот на нивно усовршување и спортски напредок“, стои во соопштението на Здружението на македонските кошаркари.
Вчера, МКФ излезе со предлогот за намалување на бројот на странски кошаркари во клубовите од шест на четири.
„За сезоната 2018/2019 бројот на странци се намалува на 4 со задолжителен број на тројца Македонци во игра до Супер лига и двајца во понатамошниот тек на првенството (Супер лига и плејоф и плејаут). За сезоната 2019/2020 четворица странци во екипа и тројца Македонци во игра до полуфиналната серија од плејофот. Од наредната сезона 2020/2021 четворица странци со тројца Македонци во игра во текот на целото првенство“, објави МКФ.
Виталиа која веќе 25 години носи здрави производи на македонскиот и светскиот пазар, овојпат разви бар со мастиха за грчкиот пазар. Она што е интересно…
И покрај големиот број проблематични сигнали за состојбата на најголемата европска економија, германската влада забележа рекорден буџетски суфицит од 58 милијарди евра (65,8 милијарди долари)…
Фудбалскиот клуб, Реал Мадрид одбележува несекојдневен јубилеј, точно 1.000 дена е фудбалски шампион на Европа. Кралскиот клуб во претходниот период испишува историја во европскиот фудбал…
Шестнаесет милиони евра за субвенции исплатени се за одгледувачите на обележани грла кози, овци, говеда и несилки. Изминатите денови заедно со исплатата на средствата за…
Европската Унија бара три милиони и 800 илјади работници, најмногу медицински лица, експерти и квалификувани работници од металната индустрија, како и лица на сферата на…
Италијанските власти ги казнија авиокомпаниите „Ryanair“ и „Wizz Air“ за нивната нова политика за кабински багаж. Првата компанија ќе мора да плати 3 милиони евра,…
Предмалку во Нион, Швајцарија, беа извлечени двојките за осминафиналето во второто по квалитет фудбалско натпреварување на Стариот Континент, Лига Европа. Според репутацијата на тимовите, се…
По повод вториот светски конгрес на претприемачи, кој ќе се одржи во Скопје, во втората половина на октомври 2019 година, делегацијата на светскиот конгрес на…
„Volvo“ започна од САД да го извезува новиот „S60“, кој се произведува во фабриката во Јужна Каролина. Првите прмиероци од новата генерација на лимузината на…
Одлична традиција: Opel останува лојален на мотоспортот Европски шампионат во рели: следната Opel Corsa како R2 достапна на крајот на 2020 година Риселсхајм. Opel останува…