27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрговската војна сериозно ги погоди европските производители на автомобили

Трговската војна сериозно ги погоди европските производители на автомобили

Акциите на најголемите производители на автомобили во Европа драстично паднаа во раните утрински часови на денешната трговија, откако германски „Daimler“ предупреди дека нејзината добивка ќе биде погодена од новите кинески увозни давачки за американските стоки.

„Daimler“, сопственикот на брендот „Mercedes“, опадна за 4,1 отсто на цена од 57,95 евра за акција за време на утринските часови, според „FInancial Times“.

Акциите на „BMW“ паднаа за 3,1 отсто, а „Peugeot“ изгуби 1,7 отсто.

„Volkswagen“, кој продава повеќе автомобили во Кина од кој било друг странски производител, објави пад од 2,3 отсто на акциите.

Акциите на „Fiat Chrysler“ со кои се тргуваат на берзата во Милано забележаа пад од 2,1%.

Вчера, „Daimler“ стана првата голема компанија која изрази загриженост во врска со нејзината добивка поради високите тарифи наметнати од Кина за увоз на американски возила.

Иако „Daimler“ е со седиште во Штутгарт, Германија, концернот има големи американски фабрики, каде што автомобилите се извезуваат на кинескиот пазар.

Во своето предупредување, германскиот производител укажува дека добивката за 2018-та година ќе биде „малку под нивото од минатата година“.

Во нивната претходна прогноза, „Daimler“ рече дека очекува благ пораст на профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП