11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРобињо и Боатенг на Милан ќе му донесат 20 милиони

Робињо и Боатенг на Милан ќе му донесат 20 милиони

robinjo boateng

Раководството на Милан ќе гледа за добри пари да ги продаде двајца свои офанзивни играчи. Според „Газета дело Спорт“ во Милано веќе направиле претходно сметки за евентуалните приходи кои ќе влезат во клупската каса од продажбата на бразилскиот ас Робињо и на Кевин-Принс Боатенг. Двајцата речиси со сигурност ќе си заминат од „Сан Сиро“, па затоа „росонерите“ планираат да добијат околу 20 милиони евра за нив.

Интерес за Боатенг има од страна на англискиот Челзи, па поради тоа вицепретседателот на италијанскиот клуб, Адријано Галијани би требало да побара 15 милиони евра за напаѓачот.

Робињо поодамна живее со мислата за враќање во својата татковина и се очекува од Милан за него да бараат меѓу 5 и 8 милиони евра. Засега нема конкретни понуди за поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Манчестер Сити, но најмногу интерес за него покажува неговиот роден клуб, Сантос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП