18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSociete Generale ќе плати казни од 1,43 милијарди долари

Societe Generale ќе плати казни од 1,43 милијарди долари

Француската банка „Societe Generale“ се согласи да плати глоба во вкупна вредност од 1,34 милијарди долари (1,15 милијарди евра), за да реши два судски спора во САД и во Франција, пренесе „Франс прес“.

Обвиненијата се манипулациите со меѓубанкарската камата „Libor“ и сомневањата за корупција во Либија, потсетуваат агенциите.

Во последното дело француската банка ќе се изјасни виновна пред судот во Њујорк, соопшти Министерството за правда на САД.

Претходно стана познато дека „Societe Generale“ ќе плати 250 милиони евра во САД, за да се стави крај на судските гонења.

Банката е обвинета за трансакции со либискиот суверен фонд, кои се сметаат за нелегални, според откриениот договор за трансакција.

„Societe Generale“ ќе плати вкупно 500 милиони евра, за да стави крај на либиските судски спорови, откако се согласи да ја плати истата сума од 250 милиони евра во Франција.

Станува збор за првата судска спогодба од јавен интерес „потпишан во согласност со американското Министерство за правда“, истакна обвинителот на финансиското обвинителство Елиан Улет на седницата за афирмација на судската спогодба од јавен интерес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП