5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБерлин му се заканува на Daimler со парична казна од 3,75 милијарди...

Берлин му се заканува на Daimler со парична казна од 3,75 милијарди евра

Германскиот министер за трговија Андреас Шојер се заканил дека ќе ја казни компанијата „Daimler“ во износ од 3,75 милијарди евра поради дизел скандалот со штетни емисии, објави германското издание „Spiegel“.

Соопштението доаѓа откако претходно оваа недела министерот одржа сослушување на шефот на автомобилскиот производител Дитер Цетче во врска со тоа колкаво количество комбиња и автомобили на „Mercedes-Benz“ треба да бидат поправени, откако регулатор откри во еден од моделите на марката незаконит софтвер.

Според „Spiegel“, Шојер изразил загриженост дека вкупно 750.000 возила на „Mercedes“ може да бидат засегнати. Изданието вели дека властите велат дека казните против производителот би можеле да бидат до 5.000 евра по автомобил.

Минатиот месец „Daimler“ доби наредба од германскиот регулатор на моторни возила „KBA“ да ги повлече од пазарот 4.900 примероци од моделот „Vito“ со 1,6-литарски дизел мотори, бидејќи тие не ги исполнуваат стандардите за емисии.

Автомобилскиот производител изјави дека ќе поднесе жалба на одлуката на „КВА“ да го класифицира софтверот како незаконски и дури да го упати предметот до судот, ако биде потребно, посочуваат агенциите.

Според „Spiegel“ постојат значителни докази дека дизел моторите на моделите „C-Class“ на „Mercedes“ исто така може да се погодени, а претставници на „Daimler“ ќе бидат повикани во министерството на нова средба меѓу Цетче и Шојер подоцна во овој месец.

Изданието исто така вели дека е можно да се повлечат 80.000 автомобили од пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП