19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia го продаде својот дигитален здравствен бизнис

Nokia го продаде својот дигитален здравствен бизнис

Nokia го продаде својот мал бизнис за дигитални решенија во сферата на здравството, вклучувајќи ги тракерите за активност и нејзините паметни часовници. Истовремено еден од клучните нејзините директори ја напушти функцијата по помалку од една година на неа, пренесува „Ројтерс“.

Дигиталното здравје е една од областите на која финската компанија се потпираше да создаде идни можности за раст, во позадина на тешкотиите на нејзиниот главен пазар за телекомуникациска опрема.

Но Грегори Ли, поранешен директор на „Samsung“, кој минатата година го презеде водството на единицата „Technologies“, ја повлече „Nokia“ од бизнисот, како и од други, така што се фокусираше на делот на патентите и лиценцирањето на брендови.

Бизнисот со здравствени услуги беше продаден на Ерик Карин, коосновач и поранешен претседател на овој бизнис, за неименувана сума. „Nokia“ објави претходно овој месец дека има планови да ја продаде единицата.

„Грегори дојде во „Nokia“ … и зеде дрска одлука да го смени фокусот на „Nokia Technologies“ кон лиценцирањето … Се согласивме дека неговата работа е завршена“, коментира извршниот директор на „Nokia“, Раџеев Сури.

Главниот директор за правни прашања Марија Варселона ќе ја преземе единицата „Technologies“, објави компанијата. Бизнисот со лиценци, кој е особено профитабилен, вклучува одбивања од производителите на смартфони за користење на брендовите на компанијата, како и нејзините патенти за телефони.

Како почетен чекор кон пазарот со услуги во здравството во 2016-та година „Nokia“ ја купи француската компанија „Withings“ за 170 милиони евра (199 милиони долари). Документи од февруари покажуваат дека бизнисот така и не успеал да одговори на очекувањата на „Nokia“ за растот.

Компанијата така и не даде информации за финансиското претставување на овој бизнис, но услугите за дигитално здравство и производите поврзани со камери, заедно генериранаа 52 милиони евра приходи од продажба во минатата година, во споредба со низ заеднички приходи на „Nokia“ кои изнесувале 23,2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП