7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines гради 10.000 домови за своите вработени во Истанбул

Turkish Airlines гради 10.000 домови за своите вработени во Истанбул

Турската авиокомпанија „Turkish Airlines“ потпиша договор со турската градежна компанија „Emlak Konut“ за изградба на 10.000 домови во околината на новиот аеродром на Истанбул и проектот канал „Истанбул“, за да обезбеди засолниште на вработените по затворањето на аеродромот „Ататурк“ на 29-ти октомври , пишува „Hurriyet Daily News“.

„Тоа не е лесна промена за семејството на „Turkish Airlines“, кое е навикнато да живее околу аеродромот „Ататурк“. Можеби ќе имаме проблеми со растојанието поради оваа промена. За да сведеме проблемите на минимум, важно е да ги намалиме трошоците за движењето на вработените на „Turkish Airlines“ и да им обезбедиме пристап до јавни услуги“, изјави Илкер Ајџан, претседател на одборот и на Извршниот комитет на авиокомпанијата, на церемонијата на потпишување во седиштето на „Turkish Airlines“ во Истанбул.

Куќите ќе бидат изградени во област од 3,6 милиони м2 во истанбулскиот кварт Арнауткој, на 12 километри од новиот аеродром што ќе почне да работи од 29-ти октомври. Областа се наоѓа во близина и до каналот „Истанбул“ – мегапроект, кој ќе ги поврзува Црното и Мраморното Море во европскиот дел на Истанбул.

„Овој проект ќе биде пример за урбанистичко планирање. 50% од регионот, кој бил напуштен, ќе стане национален парк во рамките на комплексот“, соопшти Мурат Курум, генерален директор на компанијата „Emlak Konut Real Estate Investment Trust“ (REIT).

Изградбата на станови ќе започне на 29-ти октомври, а според плановите првата фаза ќе биде завршена по 16 месеци, рече Курум. Турската авиокомпанија ќе поседува половина од имотите во проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП