27 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИUber следната година излегува на берза!

Uber следната година излегува на берза!

Имено, вредноста на „Uber“ во период од година и неколку денови порасна за 14 милиони долари. Во првиот квартал компанијата достигна вредност од 62 милијарди долари и ги зголеми приходите во однос на претходната година за 55%, информира „CNBC“.

Расходите се намалени, а најголем профит компанијата заработи со продажбата на нејзинот југоисточен бизнис на конкурентот „Grab“ и спојувањето со „Yandex Taxi“ во Русија.

Оваа компанија планира да продаде дел од акциите на инвеститорите со цел да заработи 400 до 600 милиони долари. Аналитичарите го делат мислењето во врска со вредноста на компанијата која нагло порасна, и тоа поради вредноста и бројот на продадените акции.

Новиот директор Дара Косровашхи истакна дека мотивацијата е поголема особено по добрите резултати.

„Имаме одлична можност да станеме уште посилна компанија, ќе вложиме повеќе во секој аспект од нашето работење, а најмногу ќе се осврнеме на деловната активност за превоз на луѓе“, истакна таа.

Приватната компанија „Uber“ изненади со последниот официјален финансиски извештај, а аналитичарите сметаат дека се најавува подготовка за излегување на берзата во текот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП