27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFord втора година по ред победи на изборот за Меѓународен Мотор на...

Ford втора година по ред победи на изборот за Меѓународен Мотор на Годината

Ford-Motor-Company1

Ford објавува пораст во производството на 1.0 литарскиот ЕcoBoost мотор

  • Втора година по ред Ford-овиот 1.0-литарски EcoBoost мотор е победник на изборот за „Меѓународен мотор на годината “.

 

  • Три-цилиндричниот агрегат со директно вбризгување и турбо полнач постигна највисока оцена во 15 годишната историја на наградите

 

  • Ford ќе го дуплира производството на 1.0-литарски EcoBoost во својата фабрика на мотори во Келн (Германија) од средината на август за да ја задоволи побарувачката

 

  • Во  Европа, 1.0-литарски EcoBoost мотор е достапен кај возилата Fiesta,

B-MAX, Focus, C‑MAX и Grand C‑MAX; исто така, ќе се понуди и за Transit Connect, Transit Courier, Tourneo Connect, Tourneo Courier, Mondeo и EcoSport

 

  • Моторот е промовиран низ светот – од неодамна во Индија и Кина овој мотор е достапен во возилото Ford EcoSport, а кон крајот на оваа година ќе биде достапен и во Северна Америка во возилото Ford Fiesta

 

 

ШТУТГАРТ, Германија, 5-ти јуни, 2013 – Ford–овиот ултра-ефикасен и моќен 1.0-литарски EcoBoost бензински мотор денес беше прогласен за меѓународен мотор на годината за 2013 година. Втора година по ред Ford-овиот мотор со три цилиндри ја освојува оваа награда.

 

1.0-литарски EcoBoost мотор кој комбинира директно вбризгување на гориво, турбо- полнач и варијабилно темпирање на вентилите со цел да се намали потрошувачката на гориво без да ја намали моќта, ја доби највисоката оценка во историјата на доделувањето на наградите за Меѓународен мотор на годината.
Моторот победи во категоријата „Најдобар мотор под 1.0 литар“ на овогодишното доделување на наградите презентирани од магазинот „International Magazine Engine Technology“ .

 

Од Ford потврдија дека планираат да го удвојат производството на моторот во својата фабрика за мотори во Kелн, Германија и тоа на повеќе од 1.000 мотори дневно од средината на август за да се задоволи побарувачката.

 

“Со технологија толку стара колку и моторот со внатрешно согорување, многу е ретко да може да се постигне вистински напредок, но токму тоа е она што тимот го постигна со овој мотор“, изјавил Џо Бакај, потпретседател на Ford, Global Powertrain. “ Треба да го возите за да поверувате дека толку мал три-цилиндричен мотор може да има таква изведба и економичност на гориво” .

Панел од 87 новинари од автомобилскиот сектор од 35 земји низ светот оценуваа и доделуваа награди за возливост, изведба, економичност, подобрување и успешна примена на напредна технологија за моторот. Ford е еден од трите автомобилски производители кои бележат повратни победи во 15- годишната историја на доделувањето на наградите.
1.0-литарскиот EcoBoost на Ford е добитник на вредни признанија како што се признанието на Меѓународното доделување на награди на Paul Pietsch во 2013 година, признанието за технолошки иновации на доделувањето на наградите на германскиот магазин за Автомобилски мотори и најдобри спортски автомобили, трофејот„ Dewar Trophy “од Кралскиот Автомобилски Клуб во Велика Британија и наградата  „Breakthrough Award“ од магазинот „Popular Mechanics“ во САД.

“Кој би поверувал? 1.0-литарски мотор кој има се, моќен е, економичен, чист и со мала тежина”, рекол Питер Лион, судија и независен новинар од Велика Британија. “Тоа е врвно дело”.

 

1.0-литарскиот EcoBoost е дизајниран во Ford-овите центри за истражување и развој во Ахен и Меркених во Германија и Дунтн во Велика Британија, а е конструиран во Келн, Германија и Крајова, Романија.

 

Деан Славниќ, ко-претседавач на 15-ото доделување на награди за Меѓународнен Мотор на Годината и уредникот на „Engine Technology International Magazine“, изјавил: “EcoBoost Ford-овиот моторот, прв досега три-цилиндричен дизајн сеуште претставува мотор кој победува. Економичен е во нормални услови додека пак компактното турбо помага да се осигура дека целиот пакет може многу лесно да даде моќ и на поголеми возила како што е Grand C-MAX”.

 

1.0-литарскиот EcoBoost мотор во моментот се нуди за малите автомобили како што се Fiesta и B-MAX како и понуди на компакт за Focus, C-MAX и Grand C-MAX. Во блиска иднина овој мотор ќе им даде моќ и на поголемите автомобили вклучувајќи го и новото Ford Mondeo. Исто така, ќе се понуди и за комерцијалните возила Transit Connect и Transit Courier и за возилата за превоз на лица Tourneo Connect и Tourneo Courier.

 

Моторот се распространува  низ светот. Моментално е достапен за потрошувачите кои купуваат нов EcoSport во Индија и Кина, а кон крајот на оваа година ќе биде понуден кај возилата Fiesta во Северна Америка.

 

Доволно мал да се смести во делот за багажот над главата во авион, моторот ја дава најдобрата економичност на бензинско гориво во Европа за возилата како што се Fiesta, Focus, C-MAX и Grand C-MAX.

 

Фабриката за мотори на Ford во Келн е усовршена да го олесни производството на 1.0-литарски EcoBoost и воведе напредни техники за производство кои го намалуваат обемот на течности за ладење, кои се потребни кога се конструираат алуминиумски делови на моторот на само пет милилитри по компонента, од два литри претходно, кое придонесува да се намали нарушувањето на животната средина од производството.

 

Воведена е и нова технологија на „ладно тестирање“ која дозволува моторите да се тестираат без да бидат стартирани, со намалена употреба на гориво и емисии на CO2 од процесот за цели 66 проценти. Целата преостаната енергија потребна да работи фабриката доаѓа од обновливи извори, вклучувајќи ги и трите хидро-електрани во Норвешка и Шведска.

 

Ford од Европа планира трипати да го зголеми годишното производство на возила опремени со EcoBoost бензински мотори.
До 2015 година бројот на произведени возила со EcoBoost бензински мотори планирано е да се зголеми на приближно 480.000 за разлика од 2011 година кога се произведени 141.000  возила опремени со овој мотор.
Компанијата предвидува дека повеќе од 300.000 од овие возила ќе бидат опремени со 1.0-литарски EcoBoost. Во првиот квартал на 2013 година во Европа, 1.0-литарскиот EcoBoost мотор го има во 42 проценти на порачките во B-MAX, 30 проценти во Focus и 24 проценти во Fiesta низ 19-те традиционални пазари на Ford во Европа.

 

 

 

                                                                  ***

За автомобилската компанија Ford

Ford Motor Company, е глобален лидер во автомобилската индустрија лоциран во Даерборн, Мич, кои произведуваат и дистрибуираат автомобили низ шест контитенти. Со околу 171.000 вработени и 65 фабрики ширум светот, а во  автомобилскиот бренд на компанијата се вклучени Форд и Линколн. Компанијата обезбедува финансиски услуги преку Ford Motor Credit Company.
 За повеќе информации за производите на Форд посетете ја страницата www.corporate.ford.com

 

Ford од Европа се одговорни за производство, продажба и сервисирање на брендирани возила на Форд на посебни 51 пазари и вработува околу 66.000 луѓе. Како дополнување на Ford Motor Credit Company, операциите на Форд од Европа вклучуваат Дивизија за услуга на клиенти на Форд (Ford Customer Service Division) и 22 производни постројки вклучувајќи и компании со заедничко вложување. Првите автомобили на Форд биле утоварени и пренесени во Европа во 1903 год.- истата година кога е основана и Ford Motor Company.

Производството во Европа започнало во 1911 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП