Кинескиот гигант во електронската трговија „Alibaba Group Holding“ ќе инјектира дел од својот онлајн фармацевтски бизнис во единицата во рамките на трансакција, вредна 10,6 милијарди хонконкски долари (1,35 милијарди долари), објави компанијата, цитирана од светските агенции.
„Alibaba Health Information Technology“ ќе ја купи „Ali JK Nutritional Products Holding Limited“, која ја контролира продажбата на медицински уреди, производи за здравствена заштита, производи за возрасни и услуги во областа на здравството во платформата на „Alibaba“ – „Tmall“.
Зделката ќе и даде на компанијата мајка „Alibaba“ новоемитирани акции во „Ali Health“, со што нејзиниот удел во неа ќе достигне од 48,1% сега до 56,2%. „Alibaba“, исто така, ќе има 67,5 отсто од гласовите во „Ali Health“ по договорот.
Договорот, кој треба да го охрабри бизнисот на „Ali Health“, се случува во позадина на сериозните напори во работата во брзо растечки пазар на медицински технологии од страна на други компании во Кина, како „WeDoctor“ на „Tencent Holdings“ и „Ping An Healthcare“.
Главниот извршен директор на „Alibaba“ Даниел Џанг изјави дека здравството е „стратешки важна“ бизнис област за компанијата и договорот ќе и помогне за конвертирање на „Ali Health“ во „најдобар здравствен екосистем“ во земјата.
Главниот извршен директор на „Ali Health“ додаде дека договорот ќе и помогне на компанијата да ги прошири своите бизниси, додавајќи нови категории кон своите предлози.
Здравствените трошоци во Кина се очекува да достигнат 1.000 милијарди долари до 2020-та година од 357 милијарди долари во 2011-та година, според консултантската компанија „McKinsey & Co.“, а технолошките компании се повеќе се обидуваат да се пробијат во растечкиот пазар.
„Alibaba“ објави дека договорот е предмет на одобрување од страна на акционерите на „Ali Health“ и од берзата во Хонг Конг.