29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung треба да плати 540 милиони долари на Apple

Samsung треба да плати 540 милиони долари на Apple

„Samsung“ ќе треба да плати отштета во износ од 540 милиони долари на „Apple“, откако поротниците едногласно донесоа одлука во корист на американскиот производител во патентна „битка“ што траеше скоро 7 години.

Случајот беше покренат уште во 2011-та година, кога „Apple“ посочи дека некои смартфони на „Samsung“ како „Captivate“, „Epic“ и „Gem“, се произведени во прекршување на патенти и трговски марки кои се користат во „iPhone“.

„Apple“ го доби случајот уште во 2012-та година, како тогаш суд утврди надомест во износ од над 1 милијарда долари, но износот подоцна беше намален поради грешки во пресметките на поротата.

Технолошките компании се борат во правна битка околу износот на компензација во последниве години, со Врховниот суд на САД во декември 2016-та година. Позицијата во случајот на „Samsung“ беше дека компанијата не треба да плаќа сума еквивалентна на профитот од продажбата на „iPhone“, туку еднаква на придонесот во добивката на конкретните делови, заштитени со патенти и трговски марки.

Според јужнокорејската компанија, компензацијата треба да изнесува само 28 милиони долари. „Apple“ за возврат аргументираат дека продаваат „iPhone“ како завршен пакет, а не како комбинација на одделни делови, барајќи од поротниците надоместокот за нанесените штети да биде во износ од 1 милијарда долари.

Последното судско решение ја намалува првичната сума речиси за половина – „Samsung“ ќе треба да плати 533.3 милиони долари за прекршување на три патенти кои се однесуваат на дизајнот на смартфоните и 5.3 милиони долари за неусогласеност со други две патенти. Компензацијата е се уште повисока од 399 милиони долари – износот на последниот случај. Поротата разговараше и ја пресметуваше својата одлука скоро 5 дена. Портпаролот на „Apple“ се заблагодари на поротниците, велејќи дека компанијата е „задоволна од договорот дека „Samsung“ треба да плати за задржаните права над нашите производи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП