26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички брои до 15, враќање на тронот во „Градски парк“

Работнички брои до 15, враќање на тронот во „Градски парк“

Работнички успеа со максимални 3:0 да го елиминира актуелниот шампион и вечен ривал, МЗТ Скопје со победа пред своите навивачи во „Градски парк“ за рекордна 15. титула од шампионатот и прва по далечни девет години.

Со тесната победа од 87:84 во неизвесен меч, тимот на Марин Докузовски стави крај на низата на „металците“, кои беа вистинска кошаркарска династија во Македонија со шест титули во серија. Во серија од три меча која вклучуваше забрана за гостински навивачи, обвинувања за судиски кражби, титулата се враќа кај најтрофејниот македонски клуб.

МЗТ Скопје го почна одлично третиот натпревар со доминантна прва четвртина во која направија разлика од +9 (25:16), предност која делумно успеаја да ја задржат до стартот на последната четвртина (63:57), но како и многу пати оваа сезона (посебно во АБА лигата), потклекнаа во последните 10 минути.

МАКЕДОНИЈА, ПОСЛЕДНИ 10 ШАМПИОНИ

2008 – Фени Индустри

2009 – Работнички

2010 – Фени Индустри

2011 – Фени Индустри

2012 – МЗТ Скопје

2013 МЗТ Скопје

2014 – МЗТ Скопје

2015 – МЗТ Скопје

2016 – МЗТ Скопје

2017 – МЗТ Скопје

2018 – Работнички

БРОЈ НА ТИТУЛИ

1. Работнички 15

2. МЗТ Скопје 6

3. Фени Индустри 3

4. Струмица 1

4. Никол Ферт 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП