1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTotal бара начини да го прошири дупчењето на гас во близина на...

Total бара начини да го прошири дупчењето на гас во близина на Кипар

Француската компанија „Total“ бара можности да ги прошират своите активности со дупчење на гас крај јужниот брег на Кипар, јави „AFP“, повикувајќи се на висок извор.

Стефан Мишел, шефот на „Total“ за истражувањата во Блискиот Исток, изјави дека компанијата се кандидира за лиценца за сондажи за јаглеводороди во Блок 8 – област источно од Кипар, каде италијанската компанија „Eni“ веќе е лиценцирана да врши прелиминарни активности.

„Total“ соработува со „Eni“ во потрагата по нафта и гас во други два региона крај Кипар. Во еден од нив, како што објави „Eni“ во февруари, беа откриени „ветувачки“ количества гас со слични геолошки карактеристики како оние на наоѓалиште во египетските води, најавено за најголемото во Медитеранот.

Кипарскиот министер за енергија, Јоргос Лакотрипис ја утврди стапката на „Total“ како „многу значајна“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП